Со максимални 129 гласови Стеф Кари (Голден Стејт) и Леброн Џејмс (Кливленд) се најдоа во најдобрата петорка сезонава во НБА лигата, заедно со Џејмс Харден (Хјустон), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) и Марк Гасол (Мемфис).
Само четири гласа помалку од максимланите – 125 доби Харден, додека Дејвис доби 119, а на центарската позиција Марк Гасол имаше 65 гласови.
Во „втората петорка“ се избрани: Пау Гасол (Чикаго), Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Крис Пол (ЛА Клиперс), Ламаркус Олдриџ (Портланд) и Демаркус Казнс (Сакраменто).
Бекот на Кливленд Кајри Ирвинг ја предводи „третата петорка“, каде се наоѓаат Клеј Томпсон (Голден Стејт), Тим Данкан (Сан Антонио), Блејк Грифин и Деандре Џордан (ЛА Клиперс).
Леброн Џејмс осма сезона по низа е во „првата петорка“, а Данкан по 15-ти пат се наоѓа во една од петорките со што се изденачи со Карим Абдул Џабар и Коби Брајант.