Голден Стејт поведе со 2-0 во финалето на „Западот“

Од:

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 2-0 во победи во финалето на „Западот“ откако ноќеска го совладаа Хјустон со 99:98.

Ова е вкупно 45-та победа на домашен терен за Голден Стејт на 48 натпревари оваа сезона.

Кон средината на вториот период домаќинот имаше водство од 49:32, но Хјустон со серија од 23:6 на крајот од првиот дел изедначи на 55:55. Во првата четвртина расположен за игра кај домашните беше Стеф Кари со 15 поени, додека во втората четвртина се разигра кај Хјустон Џејмс Харден 12 поена (шут од игра 5 од 6).

Во завршницата на 99 секунди до крајот на дуелот последниот напад за победа го имаше Хјустон, а Харден не успеа да дојде во позиција за шут и ја загуби топката.

Токму Харден со 38 поени беше најефикасен, а Кари реализираше 33, но бекот на Голден Стејт Кари се радуваше на победата на својата екипа.

Следните два натпревара се играат на теренот на Хјустон. Вечерва на програмата е натпреварот број 2 од финалето на „Истокот“ меѓу Атланта и Кливленд. Водство од 1-0 во победи има Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on