Марио Драги: Економскито раст е многу слаб насекаде во Европа

Од:

Претседателот на европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги оцени дека иако постои скромно заживување на економијата, нејзиниот раст насекаде низ Европа е „многу слаб“

– Бележиме извесно подобрување на економските услови во Европа, но економскиот раст и натаму е премногу слаб, а инфлацијата останува многу ниска, порача синоќа Драги во обраќањето на отворањето на тридневниот меѓународен форум на претставници на централните банки и економски ескперти посветен на невработеноста, што се одржува во португалскиот град Синтра.

Ваквото предупредување на Драги доаѓа во услови кога се појавуваат први показатели на повторно економско заживување на еврозоната и кога во првиот квартал од годинава во неа е забележан економски раст од 0,4 проценти.

Според експертите, ваквиот почетен раст може да биде доволно силен во текот на оваа година за да придонесе за намалување на стапката на невработеност во еврозоната, која сега изнесува 11,3 проценти.

Потпретседателот на американската Управа на федералните резерви (Фед), Стенли Фишер оцени дека најновите економски показатели укажуваат дека еврозоната ја надминува актуелната криза, но предупреди дека монетраната унија „нема да преживее на долгорочен план, доколкку не успее да обезбеди благосостојба на нејзините членки“.

Би можело да ве интересира

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

А1он