Русија: Гугл, Твитер и Фејсбук ги кршат законите

Од:

Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор ги предупреди Гугл, Твитер и Фејсбук за кршење на законите за интернет сообраќај во Русија.

Портпаролот на Роскомнадзор, Вадим Ампелонски изјави дека доколку не се усогласат со руските норми, трите платформи може да бидат блокирани.

Рускиот орган за медиумски надзор соопшти дека испратил оваа недела писма до трите компании, чии седишта се во САД, во кои инсистира тие да ја усогласат својата работа со законите на Русија, кои од критичарите на претседателот Владимир Путин се окарактеризирани како цензура.

– Во нашите писма ние редовно им ги посочуваме на компаниите последиците за кршењето на законите, изјави Ампелонски.

Тој додаде дека поради кодираната технологија, која ја користат трите компании, Русија нема како да ги блокира конкретните сајтови и може да укинува одредени содржини за кои ќе оцени дека го кршат законот, единствено со тоа што целосно ќе ги блокира услугите.

За да се усогласат со законите трите компании треба да достават податоци за руски блогери со над три илјади читатели дневно и да ги укинат сајтовите, кои според Роскомнадзор, содржат повици за недозволени протести или немири, истакна Ампелонски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа