Одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Од:

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) Канцеларија во Македонија денеска ќе го одбележи 22 Мај, Меѓународниот ден на биолошката разновидност, преку спроведување на повеќе едукативни активности во основните училишта во општина Дојран.

Едукативните активности се во рамки на проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“ и имаат за цел зголемување на свеста на најмладата популација која живее во општина Дојран за важноста за зачувување на биолошката разновидност во Дојран и заштитата на Дојранското Езеро.

Учениците и нивните наставници ќе реализираат повеќе едукативни активности како што се игри на тема биолошка разновидност, ликовни творби и работилници.

Темата за одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност за 2015 год. е „Биолошка разновидност за одржлив развој“.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран