Балетот при Македонската Опера и Балет со современата балетска претстава „14 ЧАСА“ работена на музика од Кирил Џајковски, вечер ќе гостува на сцената на Театар „Џинот“ Велес во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.
Кореограф и автор на сценографското идејно решение е Игор Киров, режијата и либретото се на Наташа Поплавска, а костимографијата е на Александар Ношпал.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Ефтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Киселев, Агим Бафтии и Гиорги Беридзе.
Претставата е инспирирана од дуетот „Not too close“ на авторско-изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Ова современо балетско дело низ синџир од 12 сцени ги разработува женско-машките односи преку ликовите на Лили и Марк.