Митревски реизбран за претседател на ССМ

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Охрид на 19-тиот конгрес го избра новото раководство, со реизбор на претседателот Живко Митревски, кој лидерската функција ја извршува од октомври 2010 година.

За изборот на новото раководство гласаа сите присутни 98 делегати од 17 гранкови синдикати.

Во презентирањето на новата програма пред делегатите Митревски меѓу другото истакна дека новото раководство како претставничко тело на работниците во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците, елиминирање на разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација…

– Бараме и натамошно унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор и безбедни и здрави услови при работа, истакна Митревски.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он