Почнува караван на дебати со Ана Јовковска

Од:

Патувачкиот проект „Караван на дебати – Пулсот на општеството“ – платформа за демократизација на јавниот простор низ интерактивна дебата, по концепт и организација на новинарката Ана Јовковска, а поддржан од Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе започне утре со првата дебата во Скопје, (четврток) со почеток во 20:00 часот во ЕУ Инфо центарот и продолжува во неколку градови низ Македонија, во Велес на 28. 05. 2015 со почеток во 19:00 часот во Тетарот Јордан Х.К. Џинот, во Тетово на 30. 05. 2015 со почеток во 20:00 часот во Центарот за балканаска соработка ЛОЈА и други.

karavandebati

Панелисти на првата дебата во Скопје се Александар Поповски, театарски и филмски режисер, Ана Мартиноска, професорка и колумнистка и Александар Прокопиев, писател и професор. Модератор е Ана Јовковска, новинарка и активистка, а значаен чинител во дикусијата ќе биде и активната публика. Панелистите за следните дебати ќе бидат накнадно објавени.

– Целта на проектот е промовирање на културата на дебата, надвор од крутите медиумски рамки, зголемување на јавната свест за важните социо-културни феномени на денешнината, демократизација на јавниот простор и вклучување на локалното население во доменот на граѓанското општество како клучен елемент на демократијата и овозможување на диверзитет на мислења низ формите на културна продукција и интерактивна дебата. Создаваме отворено, инклузивно, демократко и креативно општество, вели Јовковска.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи