Хамнеи: Иран нема да се согласи со “неразумни барања“ од шесторката

Од:

Реакцијата на Техеран на каква било воена акција против Иран ќе биде „многу остра“, изјави денеска иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.

Тој истакна дека научил оти иранските непријатели се обидуваат да го вовлечат Иран во војна.

Хамнеи, исто така, нагласи дека Иран нема да се согласи со никакви „неразумни барања“ од страна на шесте светски сили со кои преговара за ограничување на својата нуклеарна програма.

– Доколку биде потребно Иран е подготвен да го продолжи крајниот рок за постигнување на овој договор, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Марзиех Афхам.

Тој најави дека Техеран нема да се согласи со барањата на Западот во врска со инспекцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Преговорите за иранската нуклеарна програма продолжуваат денеска во Виена. Двете страни во разговорите на 2 април во Лозана постигнаа рамковен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за постепено ублажување на меѓународните санкции кон оваа земја. Засега крајниот рок за постигнување на конечен договор е 30 јуни.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ