Забрана за Палестинците да патуваат во ист автобус со Израелците

Од:

На Палестинците од Западниот брег кои патуваат на работа во Израел, од денеска им е забрането да се возат во исти автобуси со Израелците кога ќе се враќаат од работа, соопшти претставник на израелското Министерство за одбрана.

– Врз основа на тримесечниот пилот-проект, Палестинците кои работат во Израел од денеска ќе патуваат до своите домови преку истите премини, но нема да ги користат автобусите со кои се превезуваат израелските граѓани, наведе израелскиот претставник.

Стотици Палестинци секој ден заминуваат на работа во Израел од Западниот Брег, користејќи дозвола за патување секој пат кога ги минуваат премините.

Израелските медиуми објавија дека министерот за одбрана Моше Јалон ја прифатил ваквата забрана, додавајќи дека со неа ќе се овозможи „подобра контрола на Палестинците и оние кои го напуштаат Израел, а ќе се намалат и безбедносните ризици“.

Би можело да ве интересира

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел