Најмалку 10 лица загинаа, а 32 други се повредени, кога на еден железнички премин во северниот дел на Индија патнички воз удрил во трактор, кој зад себе влечел приколка полна со луѓе, јави Би-Би-Си.
Повредените, од кои шестмина се наоѓаат во критична здравствена состојба, биле пренесени во болница во најблискиот поголем град Меруту.
– Тракторот ја преминувал пругата во близина на градот Биџнора во индиската држава Утар Прадеш кога доцна синоќа удрил во него патнички воз, изјавил полицаецот Шаилендра Лал.
Железничките несреќи во Индија се многу чести бидејќи поради недостиг на финансии голем број опасни премини не се надгледуваат.