Средба на лидерот на ЛДП со амбасадорот на Полска

Од:

Денеска, претседателот на Либерално-Демократската Партија, Горан Милевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски.

На средбата, претседателот Милевски го информираше амбасадорот Мултaновски за моменталната политичка ситуација во државава, за активностите на ЛДП, која е дел од здружената опозиција, како и за можните решенија за излез од политичката криза во која се наоѓа Република Македонија.

Милевски уште еднаш јасно го повтори ставот на ЛДП и на здружената опозиција дека само оставка на премиерот Никола Груевски ќе биде голем чекор напред во решавањето на политичката криза која секојдневно ја “тресе“ Македонија.

На средбата взаемно беше изразена благодарност од досегашната соработка помеѓу ЛДП и Амбасадата на Република Полска, а од двете страни беа искажани заложбите за понатамошна соработка меѓу вклучените страни.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник