Реакција на ДОМ по повод сечата на тополите кај City Mall

Од:

ДОМ искажува незадоволсто и бара објаснување од ЈП Паркови и зеленило и од Град Скопје за сечата на тополите спроти Трговскиот Центар City Mall, во општина Карпош, со што се предизвика деградација на урбаната животна средина на овој простор. Овие тополи, беа во одлична состојба и нема никакво оправдување постапката која беше спроведена денеска.

На истиот простор да се засадат нови големи садници, со што би се намалила нанесената штета и повторно би се облагородил просторот.

Да се отстрани привремениот објект кој се наоѓа на локацијата, заради кој тополите се исечени по, наводно, нанесена штета врз објектот.

Да се донесе веќе одамна подготвениот Закон за урбано зеленило од ДОМ, Градот Скопје и др. институции.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски