Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот Матера денеска ќе бидат прогласени за eвропски престолнини на културата за 2019 година, соопшти Европската комисија.
Како што јави БТА, се очекува одлуката да биде потврдена на денешната седница на Советот на ЕУ за култура.
Пловдив со тоа ќе биде привот бугарски град, што го добил овој статус. Под мотото „Заедно“ градот ќе ја покаже својата мешавина од култури, вклучително на ромската заедница, така што ќе создаде нови можности за локалните жители, се наведува во соопштението.
Комисијата наведува дека Пловдив и Матера ќе имаат четири години да се подготват за специјалниот статус. Во изминатите 30 години 50 европски градови беа прогласени за Престолнини на културата.