Прскање против комарци на територијата на целата општина

Од:

Општина Илинден во координација  со екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година спроведе прскање против комарци на целата територија на Општината.

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци.

Со третирањето ќе се опфатат сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.

Дезинсекција се врши со еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Во рамките на овие активности Општина Илинден продолжува со терестичната дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци, а ги спроведува и  сите други мерки за дератизација и дезинфекција, со единствена цел спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче