Самак: Опозицијата нема поим од странски инвестиции

Од:

„Опозицијата очигледно нема поим од странски инвестиции и како тие се пресметуваат. Слободно може да ме консултираат, па и со други стручни лица, да дојдеме до некој заеднички јазик за тоа“, изјави министерот за странски инвестиции Веле Самак во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој изјави дека средствата што од 2006 до денес Владата ги има потрошено на промоција, на неговиот ангажман, на ангажманот на неговите колеги, на Агенцијата за привлекување странски инвестиции, на Дирекциите за технолошки зони и на сите тие економски промотори, сите активности, тие се повеќекратно вратени во буџетот и во економијата.

„Само од инвестицијата на Џонсон Мети која денеска е вкупно 100 милиони евра и е најголем извозник од Македонија. Само таа една инвестиција повеќекратно го има вратено се она што досега е потрошено. Доколку опозицијата има дилеми за тоа како се прави математиката, слободно може да дојдат да им ги објасниме тие работи“, вели Самак.

Членки на ЕУ и на НАТО имаат катастрофални кризи и ситуации, како на пример Грција која е членка и на Унијата и на Алијансата, е во еврозоната, а веќе 5–6 години е во една економска депресија, нешто што обично се случува во време на војна, а не во мирно време.

„Имаме и други членки на ЕУ, НАТО, на еврозоната, од кои капиталот бега, едноставно излегува од нив. Паралелно и во регионот имаме земји како и Македонија кои не се членки на ЕУ, ниту на НАТО, каде што капиталот оди, така што факторот дали сме во ЕУ или во НАТО не е толку важен, затоа што имате разлики во целиот тој процес. Македонија е постојано и континуирано, особено во период на ваква криза, многу позитивно оценета и тоа го земаат како еден фактор, дополнуваат и други фактори – работна рака, логистика, инфраструктура, образование, целина на трошоци, купувачи, пазари, добавувачи…, за да донесат една одлука. Значи НАТО, ЕУ, еврозоната – тие се апсолутно непресудни фактори во овој случај и не се појавиле како пречка“, изјави Самак во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада