Турција: Ако падне Владата, значи дека се ќе пропадне

Од:

Џумхуриет – Истанбул

Најслабо стоиме со правосудството… Тоа се зборвите на двајца мажи – едниот е политичар од Владата на владеечката Партија на правдата и развојот (АЈП), а другиот е водечко име во економијата. Булент Аранч и Али Бабаџан.

Создадовте една беззаконски неправеден своеволен систем, целосно раководен по упатствата на РТЕ (иницијалите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган). И сега се грчите под неа.

Ако нема правосудство, нема ништо…

Ако нема правосудство, нема демократија, нема ништо…

Нема правда, нема демократија, нема ништо…

Вие сите сте власта. На чело имате господар. Ги гледате грешките од тоа што тој го прави. Барем да кажевте по некој тивок збор. Но правосудство, правдина, судски систем, демократија… Сето она која ја прави една земја современа, вие заедно ја газите со нозете. Не бевте на страната на вистината. Тоа зад кое застанавте беа власта и нејзиното спроведување…

Сега, исправени пред катастрофа, велите „останавме на поправен испит по правосудство“. А знаете ли што точно зборувате? Се е добро, правосудството е лошо, па ќе рече: „И ќерката на кадијата има свои мани“ (турска поговорка). Воопшто не разбирате дека сето она кое всушност сметате дека е добро е поврзано со правосудството? Кажавте ли што е добро? Економијата ли? Заедно правевте така што се што е поврзано со беззаконие да биде покриено со лагата за напредната демократија.

Се оскрнави ли се еднаш како политичко оружје правосудството, значи дека е крај.

Покрај тоа, како велите за тоа? Кога главните лица од судот на Заедницата (се однесува на движењето Хисмет на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, против кого властите водеа кампања обвинувајќи го дека преку мрежа од свои следбеници во институциите, како во судот и во полицијата, сака да им ја расклати власта), набрзина и скоро со тепање беа исфрлани од системот… Видовте и самите, бива ли таква справедливост, таков судски систем, такво вишо правосудство… Велите дека не бива. Се разбира дека не бива!

Кога стануваше збор за линчовите, неправдите, незаконските дејствија, произволните пресуди, поставуваните стапици и итроштини, фалсификатите од истиот тој суд на Заедницата и од тоа произлезените самоубиства и умирања, вие набљудувавте, аплаудиравте, не пуштавте никаков звук… Стоевте зад сето тоа…

Ако биде искористено некогаш правосудството/судскиот систем како „оружје“ и како „политичко средство“ за победување на противниците, значи веќе е гадно. Кога уште од самиот почеток не го поставите на нова чиста основа, тогаш таа гадотија останува на рацете на сите.

Затоа веќе немаат значење вашите зборови „го оставаме на поправен испит правосудството“. Уште до самиот почеток паднавте на испитот… Не можам да разберам зошто сега се чудите дека господарот со метла во рака продолжува да дејствува на истиот начин. Или пак си велите: „На почеток беше добро, бевме принудени, но сега е срамота да го користиме сето тоа оружје против наш човек, против луѓето, кои веруваат во Бога“.

Ако вие велите: „Не требаше да користиме против нашите, средството со кое го отсрануваме другите“, сигурно! Ако претходно не ве јадеше од внатре, сега ли почна да ве гризе? Не гукнувате ни збор, на пример, кога господарот (Реџеп Тајип Ердоган) го гази уставот, па излегува на плоштадите пред избори.

И одличен избор на моментот!

Вашето време на власт истекува, министерствата и вашиот политички живот нема да имаат уште четири години.

Кога се се претвори во катастрофа на правосудството, вие станувате по почнувате да раскажувате прикаски. Но, не оставајте да остане само на прикаски, веднаш направете нешто сериозно, на пример, нешто кое ќе го спаси вашето достоинство…

Господарот проповеда дека избраниот претседател треба да работи во соработка и хармонија со Владата. Тој заборава дека тој претсавува уставна институција, најважната институција за поделба на властите, со задача да ја контролира извршната власт.

Организира тајни состаноци, апси новинари, го ограничува правото на народот за слобода на информации… Дигнете го гласот на пример за тоа…

Проблемот на власта беа случувањата од 17 до 25 декември (двете полициски операции во текот на 2013 кога беа уапсени лица блиски до владата обвинети за корупција. Според верзијата на властите, апсењата се дел од заговор за рушење на владата, планиран од Заедницата на Ѓулен). За обвинувањата, истрагата, документирањето, регистрирањето на беззаконијата…

Кажувајте г-дине Бабаџан, г-дине Аранч… Турција потонала… Ако потоне и правосудството, значи дека ништо не се држи на свои нозе. Освена властелинот кој мисли дека стои на своите нозе…

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ