Околу 25 илјади лица избегаа од ирачкиот град Рамади

Од:

Околу 25 илјади лица избегаа од ирачкиот град Рамади, откако тој беше освоен од борци на Исламска држава (ИД), соопштија Обединетите нации, додавајќи дека повеќето од нив се упатиле кон Багдад.

– Преземањето на ирачкиот град Рамади од ИД претставува неуспех во антитерористичката кампања, но градот ќе биде вратен од ирачките сили со поддршка на коалицијата, предводена од САД, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц.

– Не може да се демантира дека тоа е неуспех, но не може исто така да демантираме дека ние ќе им помогнеме на Ирачаните да си го вратат Рамади, посочи тој.

Тој прецизираше дека САД ги поддржуваат ирачките сили со прецизни воздушни напади и воени совети, но не сакаше да коментира дали победата на џихадистите ќе доведе до промена во американската стратегија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак