Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, на законот за трговија и на Законот за заштита на потрошувачите, сите во прво читање.

Членовите пак на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјделство, во второ читање, и Предлог-законот за дополнување на Законот за продажба на земјоделско земјиште во дрзавна сопственост во прво читање.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба