По повод 20 мај Денот на пожарникарството во Република Македонија денеска ќе се одржи традиционалниот пожарникарски крос „Пожарко 2015″ за учениците од основните училишта од Град Скопје, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром”, во соработка со Противпожарниот сојуз на Γрад Скопје.
Право на учество на кросот во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од Град Скопје, а за категоријата 500 метри машки и 400 метри женски право на учество имаат учениците од петто и шесто одделение само од Општина Аеродром.