Два кратки анимирани филма изработени од македонски автори и продуцирани од „ОХО“ ќе бидат прикажани вечер во арт-кафе Концепт 37.
Се работи за цртаните филмови „Како Петко (не) си ги заврши обврските?“ и „Волшебната комета“ кои се дел од едукативниот проект „Сите сме еднакви“.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија и Министерството за образование и наука.