Штрајкувачите во Албанија прогласија Штрајк со смрт

Од:

Групата штрајкувачи, поранешни политички затвореници во Албанија на 22-от ден од нивниот протест прогласија „штрајк со смрт” откажувајќи се и од консумирањето вода и пијалаци, откако двајца веќе претходно се самозапалија.

Крајно екстремниот чекор на кој се одлучија поранешните политички затвореници во Албанија е поради одбивањето на тамошните власти да започнат преговори за решавањето на проблемот и исплатата на материјалната отштета за секој минат ден во затворите на поранешниот албански комунистички систем на Енвер Хоџа.

По самозапалувањето на двајца штрајкувачи, коишто поради тешки повреди се префрлени на лекување во соседните Грција и Италија, со финансиски средства на албански бизнисмени блиски на опозицијата, во петокот навечер е регистриран уште еден обид од поддржувач на протестот да се самозапали.

Вкупно 19 поранешни политички затвореници во системот на Енвер Хоџа штрајкуваат со глад барајќи владата на Сали Бериша да им го исплати целосно штетите за изминатите години во затвор.

Власта, меѓутоа, преку претставник на министерството за финансии минатата седмица изјави дека сите политички затвореници од комунистичкиот режим ја добиле првата рата од обештетувањето, а некои и втората рата од отштетата, оценувајќи го штрајкот со глад како политички.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент