Речиси еден милион турски тинејџери ниту одат на училиште, ниту пак работат, покажуваат резултатите на истражување, цитирано од „Хуриет дејли њуз“.
Според резултатите од истражувањето на Центарот за економски и социјални истражувања при универзитетот Бахчешекир, 950 илјади млади во Турција на возраст меѓу 15 и 19 години не одат на училиште, но исто така и не работат.
Истражувањето, исто така, покажува дека 35 проценти од тинејџерите на возраст меѓу 15 и 19 години во Турција не одат на училиште.
Поголем дел од нив имаат завршено само основно училиште, додека 950 илјади од вкупно 2,1 милион млади, кои не посетуваат училиште, не работат. Околу 260 илјади од нив се момчиња, а останатите 688 илјади се девојчиња.