Портпаролот на турскиот претседател изјави дека Блискиот исток ќе биде вовлечен во хаос, ако бидат извршени смртните пресуди во Египет над поранешниот претседател Мохамед Морси и други високопоставени исламисти, пренесува БТА.
Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конфренција во Анкара рече дека Турција ќе работи заедно со Комисијата за човекови права при ОН по изрекувањето на пресудите и ќе ги преземе „сите неопходни мерки“.