Претседателот на ЛП, Ивон Величковски, се обрати до амбасадите на земјите на ЕУ и до американската амбасадата, барајќим, меѓу другото, оставка на Груевски и негово повлекување од политиката, попис, прочистување на Избирачкот список …
Според ЛП, прва премиса е безусловна оставка на премиерот Никола Груевски и неговиот кабинет.
„И конечно, сметаме дека по целокупниот развој на политичката криза деновиве, оставката на Груевски мора да следи заедно со негово целосно повлекување од политиката, што ќе овозможи неговата партија да стане партнер во политичките процеси наместо пречка на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и во регионот“, се наведува в соопштението.