Протест поради апсење на баскиски сепаратисти во Шпанија

Од:

Неколку стотини демонстранти се собраа во градот Викторија во шпанската автономна област Баскија, тврдејќи дека во своите редови кријат три лица кои се обвинети за членство во младинска организација што ја поддржува баскиската сепаратистичка организација ЕТА.

Демонстрантите носеа портокалови маици на кои бил испечатен зборот „слобода“, а лицата им биле скриени со перики и маски. Некои со себе носеле и вреќи за спиење, планирајќи да го продолжат митингот и во текот на ноќта.

Претходно неколку илјади демонстранти во центарот на Викторија протестираа поради осудувањето на седуммина млади луѓе на шест години затвор поради членство во организацијата Сеги. Четворица од нив биле уапсени по изрекувањето на пресудата. Судскиот процес започна во септември минатата година во Мадрид против вкупно 28 членови на Сеги, кои биле под истрага поради „членување во терористичка организација“.

Сеги беше забранета во Шпанија во 2002 година и се самораспушти во јуни 2012 година во францускиот дел на Баскија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата