Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за финансирање и буџет и за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во прво читање.

Годишниот извештај за работењето на Народната банка на Република Македонија за 2014 година е на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да се изјаснат за предлозите-закони за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Механизмот за цивилна заштита на Унијата, на Спогодбата меѓу Македонската Влада и Шпанската Влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации, на Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија, на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за заемно поттикнување и заштита на инвестиции и на Договорот за културна соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Мароко.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции