„Дневникот на хулиганот“ и „Алма Малер“ претставени на фестивал во Бугарија

Од:

Буто-перформансот „Дневникот на хулиганот“ и претставата „Алма Малер“, работени по текстови на Сашо Димоски и во режија на Васил Зафирчев имаа успешна презентација на третиот  Интернационален театарски фестивал „Тара-Ра-Бумбија“ во Благоевград, Бугарија.

Двете се во продукција на Арт-маркетинг, а учествуваа на покана на селекторот на фестивалот Василка Бумбарова. Двете претстави беа изведени во официјалната програма насловена „Територија за млад театар“.

Покрај уметниците од Македонија, кои беа специјални гости и единствени од странство, на фестивалот кој се одржува од 12-ти до 22 мај ќе настапат повеќе национални театари и независни театарски продукциии од Бугарија со најзначјаните претстави од изминатата сезона.

Следната изведба на буто-перформансот на Зафирчев е на 20 мај во Арт-салонот на Скопскиот саем, а „Алма Малер“ е на редовен репертоар на МНТ на 26 мај.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“