Меѓународен ден на СОС линиите за помош на децата во светот

Од:

„Донирај го твојот глас“ е мотото на кампањата со која се одбележува 17 мај, Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата низ целиот свет.

Како што информира Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, целта на кампањата е да се поттикнат владите во целиот свет да ги поддржат СОС линиите за деца.

– Добро е да се знае дека од помошта/поддршката, децата ги дели само еден телефонски повик. Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато, велат од „Меѓаши“.

Детската амбасада ќе отвори посебна страна на социјалната мрежа Фејсбук каде децата, родителите, граѓаните ќе можат да се инфромираат за начините на заштита на децата, нивните права и да пријават случаи на злоупотреба или прекршување на правата на децата. На оваа страна дополнително ќе може да се обезбеди и он-лајн советување.

На СОС телефонот за деца и млади 080012222 при „Меѓаши“ кој постои 22 години досега се регистрирани над 20.000 повици, реализирани се 202.000 работни часови во помош и поддршка на децата, а повеќе од 200 волонтери/ки и СОС оператори/ки се обучиле за работа со деца.

СОС телефонот 080012222, според истражувањето направено во 2009 година, е препознаен од страна на децата како втор по важност, после бројот 192.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска