Со учество на над 400 градоначалници и повеќе од 120 општински претставници денеска во бугарскиот град Пловдив почнува Годишната средба на локалните власти од Југоисточна Европа, јави БТА.
Како што соопшти организаторот на дводневниот собир, Националното здружение на општините во Република Бугарија, главен акцент на форумот ќе биде ставен на улогата на локалните власти во превенцијата и справувањето со ризици во случаи на кризи, при што ќе бидат претставени повеќе искуства, иновативни технолигии и решнија во оваа сфера.
Меѓу гостите на средбата ќе бидат и на генералниот секретар на Советот на локалните и регионлни власти, Фредерик Валие, потпретседателот на Конгресот на локалните и регионлни власти, Барбара Точе, претседателот на Мрежата на асоцијациите на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), Ѓуро Буквиќ и експертот на Светската банка за справување со ризици Хоакин Торо.