„Во пресрет на историскиот протест кој ќе се одржи на 17-ти Мај пред владата во Скопје, ги повикуваме сите припадници на турската етничка заедница на најдемократски начин, без насилство и одговорно да земаат учество во протестот. Македонија веќе мора да се извлече од канџите на врхушката. Крајно време е да ја вратиме демократијата и истовремено да ја вратиме државата на вистинските сопстевници т.е. народот.
Во оваа прилика ги повикуваме припадниците на Турската етничка заедница во Р.Македонија, да ни се приклучат во оваа борба. Сите заедно да ги вратиме демократските вредности и принципи, со кои ќе ја оживееме и заробената слобода. Ние сме одлучни во нашите барања и нема да отстапиме од истите. Почнувајќи од 14:00 часот во Недела протестираме до крајната цел односно оставката на Премиерот кој оддамна го има изгубено кредибилитетот.
Во иста прилика ги повикуваме сите Турци кои живеат во Македонија да не потклекнат пред притисоците и заканите на владеачката гарнитура. Да не дозволат “да ги фатат за уши“ и да се носат на 18-ти на најавениот т.н. контра протест“, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците во Р. Македонија (ТХП).