Над 25.000 лица се собраа денеска на митниг за поддршка на иницијативата за обединување на Романија и Молдавија, што се одржа во молдавскиот главен град Кишињев.
Како што јави кишињевската телевизија Про ТВ, демонстрантите кои носеле знамиња и транспаренти се собрале на плоштадот „Големо народно собрание“, од каде се упатиле на прошетка низ улиците на Кишињев, минувајќи пред амбасадите на Русија, Германија, САД и Романија.
Организатори на митингот беа граѓанските здруженија „Млади на Молдавија“ и „Акција 2012“.
Во предвечерието на митингот, молдавските власти го протераа од земјата лидерот наДвижењето за обединување на Романија и Молдавија „Акција 2012“, Ѓорѓе Симион, кој е романски државјанин и му е изрекоа забрана за влез во Молдавија во следните пет години.
Министерството за внатрешни работи на Молдавија соопшти дека Симион е протеран од земјата врз основа на законот кој овозможува „превентивни мерки проив странски државјани, чија активност може да ја загрози националната безбедност“.