НСДП: Груевски треба веднаш да си замине од власт

Од:

„НСДП ги повикува сите граѓани на Република Македонија, независно од ентичката, религиозната, политичиката и било кој друг вид на припадност, утре на мирен и достоинствен начин да излезат на големиот народен протестен митинг пред Владата и да испратат пораката до Никола Груевски треба веднаш да си замине од власт.

Дојде моментот кога мнозинството граѓани ја добиваат својата шанса на најдемократски и мирен начин, со протест, во историјата да испратат еден систем и неговиот делегитимиран водач, кој се врежи во колективната моморија како режим со узорпирани институции, атрофирана демократија, политичка манипулација, криминал, покорени медиуми, замолчена критичка мисла, партизирана полиција, политички затвореници и уште со низа на искривени вредности кои ја уназадија и изолираа Република Македонија.

Утре во 14 часот сите достоинствено да излеземе на мирен протест и да ја извојуваме конечната битка за враќање на отуѓената власт во рацете на граѓаните и да означиме триумф на демократијата и слободата во Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ