Гостински победи на Атланта и на Голден Стејт за пласман во конференциско финале

Од:

Кошаркарите на Атланта и на Голден Стејт со ноќешните победи на гостински терен успеаја да изборат пласман во конференциското финале откако ги победија ривалите Вашингтон односно Мемфис со 4-2 во добиени натпревари во полуфиналната серија.

Атланта го победи Вашингтон со 94:91, а домашниот играч Пол Пирс постигна тројка за продолжение, но по прегледување на ТВ снимката судиите го понишија кошот. Најефикасен кај Атланта беше ДеМар Керол, кој постигна 25 поени (личен рекорд во плеј оф) и 10 скокови, а Пол Милсап имаше 20 поени и 13 скокови, додека Џеф Тиг постигна 20 поени со 7 асистенции.

Финалето на „Исток“ меѓу Атланта и Кливленд стартува на 20.мај во среда, а првиот натпревар се игра на теренот на Атланта.

Голден Стејт предводен од најдобриот играч сезонава Стеф Кари кој постигна 32 поена го победи Мемфис со 108:95. Голден Стејт во финалето на западната Конференција ќе игра со победникот од „мајсторката“ меѓу Хјустон и ЛА Клиперс, што се игра во недела.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on