Во Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката.
На Концертот по повод Интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника ќе настапат ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска, како и реномирани уметници од Република Македонија.
На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Дербенко, Бете Илин, Семјонов, Белошицки, Пјацола и други.
Меѓународниот проект “6-ти мај Светски ден на хармониката” македонското здружение на хармоникашите го поддржува со успешна реализација на концерти во земјата и странство и годинава седми пат здружението организира Свечен концерт по овој повод.
Светскиот ден на хармоника – 6 мај се одбележува од 2009 година. Ова е ден кога во 1829 година е патентиран инструмент хармоника.
Проектот е поддржан со националната програма на Министерството за Култура на Република Македонија.