МВР: Кинењето македонското знаме е срамен чин на газење на сопствената историја

Од:

Многу херои и патриоти својот живот го положиле во одбрана на македонското знаме и секој обид да се претстави како невина жртва лицето кое го симнува и кине знамето пред Владата на Република Македонија е срамен чин на газење на сопствената гордост и историја, се вели во денешното соопштение од МВР.

Според полицијата, подеднакво срамен чин е и обидот вандалите кои со бекатон плочи и шипки повредија 38 полициски службеници да бидат претставени како студенти кои мирно демонстрирале. – Уште посериозна е опасноста барањата за нивна амнестија да се сфатат како дополнителен поттик или мотив за нови неказнети насилства на претстојните протести, се наведува во соопштението.

Заради елиминирање на сите изречени невистини, како што се додава во соопштението, јавноста може и сама да се увери во кривичните дејствија на 18-те идентификувани против кои досега е процесуирана кривична пријава за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина