Три лица починаа во Шпанија како послеица на невообичаено високите температури за овој период од годината, објавија локалните медиуми.
Шеесет и двегодишен Шпанец и 47-годишен Романец починале вчера во околината на пристанишниот град Валенсија, каде температурата достигнала 42 степена. Во средата починал и еден работник во градот Надахос.
Ова се најголемите горештини во Шпанија во месец мај во последните 140 години, од кога и почнале да се мерат температурите на воздухот.