Хеликоптерот на американските маринци, кој се урна во планините во Непал, е целосно уништен и нема преживеани, соопшти секретарот за одбарна Ишвори Паудиал.
Три јагленисани тела беа најдени меѓу останките на хеликоптерот, кој исчезна во вторникот за време на хуманитарна мисија за помош на преживеаните од земјотресот. Во хеликоптерот имало осум лица.
– Ја продолжуваме потрагата по другите. Но, хеликоптерот е на парчиња и нема шанси да има преживеани, посочи Паудиал.