Кинескиот и индискиот премиер Ли Кечијанг и Нарендра Моди денеска предоложија мерки за надминување на долгодишниот граничен спор и ветија интензивирање на соработката.
Кечијанг го прими Моди на вториот ден од неговата тридневна посета на Кина, пренесува БТА.
– Имаме потенцијал да направиме глобалниот политички и економски поредок да се движи во поправедна и балансирана насока, посочи Ли.
Двајцата премиери се договориле да почнат со едногодишни посети меѓу претставниците на армиите на двете земји, а да биде засилена и размената на информации меѓу командантите на границата. Постигнат е договор и за отворање на директна линија меѓу кинеската и индиската армија со цел да се превенираат гранични судири.
Тензиите меѓу Кина и Индија пораснаа минатата година поради граничен спор во источиот сектор на Хималаите.