Мубарак ќе биде ослободен откако ќе плати казна од 16,5 милиони долари

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак може да биде ослободен од затвор откако ќе ја плати одредената судска казна од околу 16,5 милиони долари, изјавиле извори во египетската Управа за кривични институции.

– Тој се смета за затвореник се додека не ја исплати целата сума од казната, но процедурата за исплаќање е веќе започната, истакнаа изворите.

Мубарак веќе неколку месеци се наоѓа во воената болница „Маади“, каде според правилата на здравствената установа, покрај него постојано се наоѓа сопругата Сузан Мубарак.

На 9 мај на повторен судски процес за корупција и незаконско присвојување на државни средства, одвоени за реновирање на претседателската резиденција, Мубарак и неговите двајца синови Ала и Гамал беа осудени на три години затвор и парична казна од околу три милиони долари. Судот ги задолжи, исто така, да и вратат на државата 16,5 милиони долари, колку што според истрагата изнесува вкупната сума на криминалот.

Властите вчера соопштија дека Јавното обвинителство го земало предвид и времето поминато во затвор од моментот на апсењето на Мубарак во 2011 година, со што тој „фактички ја одлежал пресудата од три години затвор и веќе не се смета за затвореник“, Процедурата за извршување на казната ќе се смета за целосно завршена кога тој ќе ја исплати и паричната казна добиена од судот.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина