Србија го рехабилитираше Дража Михаиловиќ

Од:

Командантот на четничкото движење Дража Михаиловиќ е рехабилитиран со одлуката на Високиот суд во Белград во процесот кој многумина го оценуваат како историски, јави Б92.

Со рехабилитацијата е поништена пресудата од 1946 година, со која Михаиловиќ беше осуден на смрт, кога му беа одземени сите граѓански права.

Одлуката на Судот да го усвои барањето за поништување на пресудата и рехабилитација на Михаиловиќ е конечна и не постои можност за жалба, со оглед на тоа дека постапката има  само една страна. Со оваа одлука на Михаиловиќ му се вратени граѓанските права.

Судијата Александар Трешњев изјави дека Судот го усвоил барањето за рехабилитација и ја поништил пресудата, со која Михаиловиќ на 15 јули 1946 година бил осуден на смрт, а два дена подоцна и бил застрелан.

Со барањето за рехабилитација е побарано поништување на пресудата од 15 јули 1946 година, со која Михаиловиќ е осуден на смрт поради колаборација со нацистичките окупатори.

Постапката за рехабилитација почна на 16 септември 2010 година, но на два пати имаше застој во процесот. Првиот пат се чекаше утврдување на денот на стрелање на Михаиловиќ, а вториот пат Сојузот на антифашисти на Србија поднесе кривична пријава против двајца сведоци поради лажно сведочење. Со одлука на Првиот основен суд во Белград како датум на смртта на Михаиловиќ е утврден 17 јули 1946 година. Михаиловиќ нема гробно место.

Барањето за рехабилитација на Михаиловиќ првпат во 2006 година го поднесоа неговиот внук Војислав Михаиловиќ, професорите од Правниот факултет при Универзитетот во Белград Смиља Аврамов и Коста Чавошки, Српскиот либерален совет и Здружението на југословенската војска и татковина. Подоцна кон барањето се приклучија и поединечни политички партии и здруженија.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда