МАНУ ги утврди кандидатите за нови членови

Од:

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите согласно Статутот на Академијата ги утврди предлози за кандидати за дописни членови, членови надвор од работниот состав и почесни членови на Академијата. Предлозите за кандидатите се упатени на 18. изборно собрание на МАНУ.

За Одделение за лингвистика и литературна наука како  дописни членови се предложени д-р Танас Вражиновски, проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Елизабета Шелева. За членови надвор од работниот состав се предложени академик Предраг Пипер и проф. д-р Јан Соколовски.

За дописни членови во Одделението за општествени науки на Академијата се предложени проф. д-р Драги Ѓоргиев, проф. д-р Изет Зекири, проф. д-р Елица Манева и проф. д-р Михаил Петковски.

За дописни членови во Одделението за медицински науки на Академијата предложени се проф. д-р Александар Димовски и проф. д-р Сашко Кедев. За членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се проф. д-р Клемент Клот Абу, проф. д-р Васа Антуновиќ и проф. д-р Димитар Ефремов.

За дописен член во Одделението за технички науки на Академијата кандидат е  проф. д-р Данчо Давчев, додека за членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се академик Стефан Воденичаров, академик Реџеп Меидани и проф. д-р Сашо Џеровски.

За дописни кандидати во Одделението за природно-математички и биотехнички науки предложени се проф. д-р Ненад Новковски, проф. д-р Трајче Стафилов и проф. д-р Ордан Чукалиев. За членови надвор од работниот состав на МАНУ предложени се проф. д-р Рос Геген, академик д-р Керсти Хермансон и д-р Андраж Чарни.

За Одделението за уметност предложени се проф. д-р Димитрие Бужаровски и проф. д-р Ферид Мухиќ, а за членови надвор од работниот состав проф. д-р Златко Крамариќ. За почесени членови предложени се проф. арх. Ѓорѓи Константиновски и Владимир Костов, соопшти денеска МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи