Давутоглу вети дека ќе ги искорени сите траги од воените преврати во Турција

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вети дека ќе ги искорени сите траги од воените преврати во Турција, јави Анадолија.

Тој ова го изјави вчера на предизборен митинг во градот Кјотахија, еден ден по погребот на седмиот турски претседател Кенан Еврен, кој почина на 97-годишна возраст.

Еврен беше еден од раководителите на воениот преврат во Турција од 1980 година. Превратот на 12 септември 1980 година беше третиот преврат во земјата, по тие во 1960. и 1971 година.

Давутоглу вчера ги обвини опозициските партии за лицемерие поради тоа што „се претставуваат како политичари кои се против државни удари по смртта на Еврен“.

Премиерот додаде дека опозициските партии никогаш не изразувале „вистински ставови“ против воените преврати.

Турски суд во јуни минатата година го осуди на доживотен затвор Кенан Еврен, претседател на Турција од 1980 до 1989 година за злосторства против државата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ