Законите за Царинската тарифа и за минималната плата пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 47.седница.

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за Царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, двата по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2014 година, на Агенцијата за пошти за 2014 година, на Македонската радио телевизија за 2014 година, Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2014 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, и на Државната комисија за спречување на корупција во 2014 година.

На дневен ред на седницата се и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2014 година и Барањето за давање автентично толкување на член 327 став (3) точка 6) од Законот за парничната постапка, поднесен од Никола Мицевски.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање