Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози особено на повисоките места и низ клисурите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија, со напомена дека оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.