(ВИДЕО) Чавков и Мисајловски изгласани за нови министри

Од:

Собранието ги изгласа Митко Чавков и Владо Мисајловски за нови министри во владата на Никола Груевски.

Чавков и Мисајловски беа изгласани со по 71 глас за.

Митко Чавков ќе ја замени Гордана Јанкуловска-министер за внатрешни работи а доаѓа од позицијата директор на бирото за јавна безбедност.

Владо Мисајловски ќе го замени Миле Јанакиески во министерството за транспорт и врски а доаѓа на министерска позиција како директор на ЈП Патишта.

Чавков и Мисајловски доѓааат на министерски функции по оставките на догогодишните соработници на Никола Груевски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска.

Засега се уште нема најава кој ќе го замени Сашо Мијалков на позицијата шеф на УБК откако си поднесе оставка.

Дел од медиумите објавија дека Владо Мисајловски е брат на Ацо Мисајловски кој се јавува како сопственик на порталот Курур кој важи за близок до власта и бескорупулозно ја поддржува владата.

Дел од експертската јавност го искоментира и поставувањето на Митко Чавков за министер за внатрешни работи.

Според нив уставот не дозволува лице од МВР да управува со министерството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски