Што нова Европа мисли за Русија?

Од:

Политика – Белград

Вашингтон се плаши дека некои од најлојалните американски сојузници од централна Европа веќе станале Тројански коњи на Русија во Западната алијанса

Геополитиката на Балканот повторно забрзано се менува. Се води борба околу наклоностите на новата Европа, земји на поранешниот Варшавски пакт кои Вашингтон само пред десет години ги внесе во НАТО за да послужат како бедем од Русија и нестабилниот Блиски исток. Кога Доналд Рамсфелд, поранешен американски државен секретар за одбрана, установи поделба на стара и нова (централна) Европа врз основ на ставот на тие европски држави кон САД и војната во Ирак, беше многу направено таа поделба да потрае подолго од една деценија.

Денес по повод кризата во Украина, стара Европа – Франција и Германија, како и во времето на воениот поход на Ирак, немаат ни малку разбирање за воената опција на Вашингтон. Бидејќи им требаа сојузници, Американците ги изедначија критериумите за влез во НАТО и ЕУ, а новите членки, поранешните комунистички држави на централна Европа, во солидаризирањето со САД видоа шанса за поголема економска помош.

Меѓутоа, Њујорк тајмс неодамна објави дека денес многумина се плашат дека некои од тие стратешки значајни земји, тие здружени слободарски, херојски мали народи кои беа верни на американските сојузници, веќе станале тројански коњи на Русија во Западната алијанса.

Што се случи што состојбата толку брзо се промени? Истото што се случи и во времето на претходниот американски експанзионистички потфат, само што неколку земји на централна нова Европа денес ја користат кризата во односите меѓу Западот и Русија како прилика да постигнат поповолни економски договори со Москва. Иван Крастев, политиколог од Софија, кој е автор на натписот во Њујорк тајмс, констатира дека некои земји од тој блок, критикувајќи ги санкциите против Русија, добиваат нови инвестиции и намалена цена на гасот.

Дали Москва успеа да ја подели централна Европа на проруски и антируски блок и дали консензусот на ЕУ околу Русија, па дури и самата ЕУ, можат да опстанат во следните неколку години под таков притисок? Одговорот на ова прашање, смета Крастев, ќе се добие ако политичките експерти го отфрлат клишето според кое се раководи Западот, кога се работи за централна Европа од последните неколку децении и да свати дека политиката на владите во централно европските држави денес ја определува нивната посткомунистичка транзиција и редефинираните национални интереси, а не сеќавањата на комунизмот.

Во анализата на однесувањето на раководствата на секоја од централно европските држави, Њујорк тајмс потсетува на намерата на чешкиот претседател Милош Земан дека присуството на воената парада во Москва по повод одбележувањето на 70 годишнината на советската победа над нацистичка Германија, што е протолкувано како симболично раскинување со западната ориентација на централна Европа. По критиките на американскиот амбасадор во Прага дека присуството на Земан на настан кој го бојкотираат шефовите на западните држави, може да го подруши западното единство и острите изјави на американскиот дипломат дека повеќе нема да има отворена врата на претседателот на Чешка, следеше притисок под кој Земан попушти и се откажа од присуство на парадата, но не и од самиот пат во Москва.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во подолг период веќе повлекува потези кои покажуваат свртување од западната ориентација. Најави дека ќе го блокира предложеното воспоставување на Европската енергетска заедница, што е клучен дел од бриселската стратегија за намалување на руското влијание во регионот, дека нема да го поддржи трговскиот договор меѓу САД и ЕУ со кој ќе се наруши надлежноста на унгарските судови во трговските спорови, а неодамна на митинг по повод одбележување на годишнината на револуцијата против Хабсбуршката империја, порача дека борбата за суверенитетот е постојана. Европската комисија е незадоволна од Орбановото отворање кон исток. По повеќемесечното разгледување на договорот меѓу Будимпешта и Москва за проширување на нуклеарната електрана, ЕУ сепак го одобри проектот, но ќе мора уште са се разговара за условите со кои ќе се избегне руската монополска положба во снабдувањето на електраната со нуклеарно гориво.

– Географските и економските интереси денес имаат предност над историското сеќавање. Централноевропските држави економски се поблиски до Русија од остатокот на ЕУ и поради тоа тие плаќаат повисока цена од антируските санкции. Исто така, не е тајна дека руски пари продреа во економската и политичката елита во посткомунистичките земји. Прашањето што Централна Европа навистина мисли за актуелната криза, ретко кој го поставува, но одговорот на тоа прашање е од витално значење – пишува Крастев за Њујорк тајмс.

Тој направи споредба меѓу јавното мнение на две централно европски држави со историски спротивставени ставови кон Русија. Полска и Бугарија. Полска е земја која со право верува дека имала огромна корист од падот на комунизмот и нејзиниот глас е важен во ЕУ. Пољаците се традиционално неповерливи кон руските амбиции и тие режимот на Владимир Путин го оценуваат како лош и брутален. Истражувањето кое минатиот месец го спроведе Институтот за односи со јавноста во Варшава, дојде до резултати дека Пољаците кризата во Украина ја доживуваат како директна закана по својата безбедност.

Бугарија исто така е членка на НАТО и ЕУ, но нејзиното искуство по студената војна е многу попроблематично од искуството на Полска и може да се оцени како се друго, освен успешно. Со оглед на релативната близина на Блискиот исток, не изненадува дека многу Бугари имаат голем страв од турската хегемонија и радикалниот ислам, отколку од руска агресија.

Но, според истражувањето кое е направено отприлика во истиот период како и во Варшава, мнозинството Бугари не ја гледаат војната во Украина како најголема закана, а анексијата на Крим само незначително го промени нивниот позитивен став кон Москва.

Но, еве каде станува интересно, предупредува Њујорк тајмс. Наспроти полската загриженост поради Русија, многу Пољаци се против американското испорачување на оружје во Украина, а уште поголем број се против Украинци да патуваат без визи во ЕУ. Соочени со изборот меѓу Русија и Западот, огромно мнозинство Бугари го бираат Западот, а над 70 отсто сметаат дека политиката на Брисел кон нивната влада е урамнотежена и одговорна.

Се поставува прашањето, зошто тогаш проруските Бугари се подготвени да го следат Брисел, а антируски настроените Пољаци не се подготвени да го следат Вашингтон.

Пољаците имаат разбирливо сомневање во безбедноста на гаранциите на НАТО и ЕУ, бидејќи тоа е вкоренето во нивната бурна историја, но и нивниот очигледен страв од руска закана. Тие исто така се изгорени од својата поддршка на американската војна во Ирак. Но, додека Бугарите сочувствуваат со Русите, токму поради нивното познавање на Москва, тие не го сметаат режимот на Путин за модел кој треба да се следи. Сепак, Бугарите не ги прифаќаат санкциите. Тие немаат ниту малку разбирање за политиката на санкциите: првите две децении индиректно трпеа поради западните санкции наметнати на нивниот сосед Југославија и со право се сомневаат дека судирот меѓу Западот и Русија нема да ја погоди само нивната економија, туку ќе ја подели и внатрешната политика.

Но, тие исто така знаат дека малите нации на периферијата на Стариот континент ќе бидат најголеми губитници ако Русија успее во своите напори да ја разбие ЕУ. – Можеби не можеме многу да заклучиме од овие две централноевропски групи на држави, но Пољаците и Бугарите делат сличен сензибилитет, дека на Запад не може целосно да се верува, но ни дека Москва не нуди одржлива алтернатива.

Поблиски Индијците од Бугарите

На имигрантската политика на Велика Британија насочена кон задржување на државите членки на нова Европа, во западното крило неодамна се спротивстави Најџел Фараж, пратеник во Европскиот парламент и лидер на десничарската партија која се залага за излегување на Велика Британија од ЕУ. Констатирајќи дека Британија позитивно ги дискриминира луѓето од Полска, Романија или Бугарија, без оглед на тоа кои се, во однос на луѓето од Нов Зеланд, Индија или Канада, или било од каде, Фараж рече дека попрво ги прифаќаат имигрантите од Индија и Австралија, отколку тие од источна Европа. Лидерот на УКИП објасни дека повеќе би сакал да види имигранти од земји културолошки слични на Велика Британија. – Мислам дека луѓето од Индија и Австралија (поранешни колонии на Велика Британија) подобро зборуваат англиски, го разбираат правото и по поврзани се со оваа земја отколку другите кои доаѓаат од земји кои целосно не се зајакнати од животот зад железната завеса – рече Фараж за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија