Кливленд поведе со 3-2 во дуелот со Чикаго

Од:

Со две победи по ред од кои едната постигната ноќеска кошаркарите на Кливленд го презедоа водството во полуфиналето од Источната конференција од плеј офот во НБА лигата против Чикаго со 3-2 во победи.

Кливленд славеше на домашен терен со 106:101, а Леброн Џејмс повторно беше предводник на својата екипа со 38 поени, 12 скокови и 6 асистенции. Помош имаше и во соиграчот Кајри Ирвинг, кој постигна 25 поени. Следниот натпревар се игра на теренот на Чикаго.

На вториот дуел одигран ноќеска Хјустон го победи ЛА Клиперс со 124:103 и намали на 3-2 во победи за „клиперси“. Во редовите на домашниот тим тандемот Џејмс Харден и Двајт Хауард беше расположен за игра. Харден имаше „трипл-дабл“: 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции, а Хауард „дабл-дабл“: 20 поени и 15 скокови. Натпреварот број 6 се игра во Лос Анџелес.

Вечерва се играат натпреварите број 5 од дуелите: Атланта – Вашингтон (2-2 во победи) и Голден Стејт – Мемфис (2-2).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on