Десет сообраќајки за 24 часа

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгода.

Од нив, шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 17 возачи кои непрописно го паркирале возилото на коловоз, тротоар или на велосипедска патека.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 27 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Орце Николов“, објект Карпош 2.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

457 загинати во сообраќајни несреќи во три години

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден