Вања Ангелова добитник на наградата „Книжевна далга“ за 2015

Од:

Поетесата Вања Ангелова од Бугарија е добитник на меѓународната книжевна награда „Книжевна далга“ за 2015 година што ја доделува Културнит центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Жирито во состав Маријана бор-Паздњикова (Русија), Снежана Дабиќ (Србија), Валерио Орлиќ (Хрватска), Мерсиха Исмајлоска и Петко Шипинкаровски, одлучија наградата да ѝ ја доделат на Вања Ангелова од Бугарија, како што се наведува, за личниот придонес во афирмацијата на балканските книжевни вредности во светот и  за воспоставување нови патишта на соработка.

Наградата ќе биде доделена на 4. јуни, годинава  во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга во рамките на одржувањето на „Струшките книжевни средби“.

Вања Христова Георгиева-Ангелова е родена на 15.12.1967 год., во Црвен Брег, Бугарија. Завршила руско јазично училиште во Плевен, специјализирала на Московскиот институт „Александар Сергеевич Пушкин“. Во 1992 завршила Руска филологија во ВТУ „Св. Кирил и Методиј“, а две години подоцна дипломира на Меѓународно право и надворешна трговија во Софија. Член е на Сојузот на независните бугарски писатели. Автор е на стихозбирките „А сега каде“, „Целта на животот“, „Со вера во срцето“, „Една поинаква страница“, „Очите на денот“, „Калесница на времето“, „Наследниците на Херакле“ и др.

Автор е на повеќе книги и сценарија со историска тематика. Освоила прво место на 12. меѓународен натпревар „Мелнички вечери на поезијата“ и наградата „Караманов“(2011) за најдобра поетска збирка од балканските земји. Нејзината книга „Наследниците на Херакле“, преведена е на македонски јазик во издание на „Бран“.

Досегашни добитници на наградата „Книжевна далга“ се Мерсиха Исмајлоска, 2013 и Миљурко Вукадиновиќ за 2014 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска